Помош Излезни документи
Праќање до УЈП
Што се случува кога ќе притиснете Прати во УЈП и што значи одговорот.
Пред праќање, сертификатот мора да е отклучен (види Сертификат и отклучување).
- Во уредувачот притиснете Прати во УЈП.
- Апликацијата прашува дали да го прати документот со тој број до тој купувач и го покажува износот. Проверете ги.
- Потврдете.
При праќањето апликацијата уште еднаш ги пресметува збировите, ја проверува валидноста, го усогласува времето со часовникот на УЈП, го потпишува документот и го праќа. Ако проверката најде грешка, документот не се праќа и грешката се прикажува.
Потпишан и пратен документ не може да се повлече. Грешка се поправа само со Сторно или Корекција.
Без интернет
Дали УЈП е достапен гледате во дното на левото мени, во редот „УЈП тест“ со ознака „достапен“. Апликацијата проверува на секои 30 секунди. Ако УЈП не е достапен, ознаката станува портокалова („недостапен“), а над содржината стои предупредување дека без интернет до УЈП не можат да се праќаат фактури. Предупредувањето не може да се затвори и исчезнува само кога УЈП ќе стане достапен.
Документ можете да подготвите и без врска со УЈП. Притиснете Прати подоцна: апликацијата ги пресметува збировите, го проверува документот и го чува во Нацрти во делот „Чекаат праќање“. Ако врската падне при праќање, апликацијата нуди истото. Документот се потпишува дури кога ќе го пратите од Нацрти, со тогашното време, па УЈП не го одбива поради старо време. Апликацијата ништо не праќа сама: кога врската ќе се врати, ве известува, а вие притискате Прати или Прати ги сите во тој дел.
Одговорот
По успешно праќање се отвора екранот Испратено со:
- EUID: единствениот број што УЈП му го дава на документот. Со него го наоѓате документот подоцна.
- Порака и Статус: одговорот на УЈП.
- Корисник на еФактура: дали купувачот го користи системот е-Фактура.
- Време: кога УЈП го примил документот.
- QR код: апликацијата го прикажува веднаш по праќањето и во деталите на секој документ. Тој се печати на документот, а со скенирање се проверува кај УЈП дали документот е валиден. Линкот може да се копира.
Отвори документ ве носи до деталите на документот. Нов документ отвора празен уредувач.
Ако УЈП го одбие барањето, неговата порака се прикажува непроменета, за да ја видите точно онаква каква што ја вратил.
Не најдовте одговор? Пишете ни