Цени
Сите планови ја имаат целата апликација. Се разликуваат само по тоа колку фактури креирате во месецот.
Start
За мала фирма или самостоен трговец.
10фактури месечно
Нарачај StartРедовна цена: 600 ден.−50%300 ден. месечно
Со ДДВ. Договор од 1 или 2 години, плаќате секој месец.
Редовна цена: 500 ден.−50%250 ден. месечно
Со ДДВ. 3.000 ден. однапред за цела година.
Pro
За фирма што фактурира секој ден.
100фактури месечно
Нарачај ProРедовна цена: 1.800 ден.−50%900 ден. месечно
Со ДДВ. Договор од 1 или 2 години, плаќате секој месец.
Редовна цена: 1.500 ден.−50%750 ден. месечно
Со ДДВ. 9.000 ден. однапред за цела година.
Enterprise
За сметководствени бироа и големи фирми.
без ограничување
Контактирајте нèПо договор
Цена според бројот на фирми и корисници.
Бесплатна инсталација и поставување
За секој што купува лиценца, бесплатно ја инсталираме и поставуваме апликацијата и сертификатот за УЈП на вашиот компјутер, на Windows, macOS или Linux, и проверуваме дека потпишувањето работи.
Во секој план
- Издавање, потпишување и праќање фактури до УЈП
- Влезни фактури: прифаќање, одбивање и распределба на ДДВ
- Сторно и корекции
- Повеќе фирми во една апликација
- Windows, macOS и Linux
- Ажурирања додека трае договорот
- Поддршка по е-пошта
Како се плаќа
- Договорот е на 1 или 2 години.
- Плаќате месечно или целата сума однапред. Ако платите однапред, 2 месеци се бесплатни, а со договор од 2 години дури 4 месеци.
- Лимитот се однесува на фактури креирани во еден календарски месец.
- Сите цени се во денари, со ДДВ.
- Пред договор, апликацијата ја пробувате бесплатно 30 дена.
Додатоци
Се додаваат на кој било план, за времетраењето на договорот.
Онлајн резервна копија
Базата редовно се копира на наш сервер, па ништо не губите ако компјутерот се расипе или се изгуби. Без овој додаток базата не излегува од вашиот компјутер.
Чуваме 2 копии на географски одделени локации, а плаќате само за големината на базата на вашиот компјутер. База од 1 GB и 1 MB се плаќа како 2 GB.
100 ден. месечно, за секој започнат GB
НарачајИзвоз за сметководство
Излезните и влезните фактури за избран период ги извезувате во датотека подготвена за увоз во сметководствениот софтвер. Сметководителот ги добива сите податоци без препишување.
100 ден. месечно
НарачајФактура од документ со AI
Прикачете постоечки документ (Word, PDF, слика, скен) и апликацијата подготвува нацрт-фактура со купувачот и ставките. Вие ја проверувате пред потпишување.
Еден кредит е еден документ до 10 страници, што е речиси секоја фактура. Подолг документ троши по еден кредит на секои започнати 10 страници. Кредитите се купуваат во пакети од 100 ден. (10 кредити).
10 ден. по кредит
НарачајФактури и потсетници по е-пошта
Фактурата ја праќате на купувачот на е-пошта директно од апликацијата, со PDF во прилог. Кога фактурата ќе го помине рокот за плаќање, апликацијата може сама да прати потсетник. Вие избирате дали и кога.
10 ден. по пратена порака
Нарачај
SDK за програмери
Истиот код со кој апликацијата зборува со УЈП, за вашиот ERP или сметководствен софтвер. Се купува посебно од плановите погоре, за секоја платформа посебно. Можете да го вградите во ваш софтвер и да го продавате под ваше име.
Платформи
- Rust
- TypeScript
- Python
- PHP
- .NET
- Java
- Go
- Ваша платформа
Прва година
12.000 ден.
SDK-то, со ажурирања и поправки на грешки
Секоја наредна година
6.000 ден.
Продолжување на ажурирањата и поддршката
Цените се со ДДВ, за една платформа. SDK за друг јазик или платформа изработуваме по истата цена.
Посебни решенија и интеграција
Ја поврзуваме е-фактурата со вашиот ERP, сметководствен или складишен систем, или градиме решение по ваша мерка.
Интеграција
Со вашиот ERP, сметководство, склад или веб-продавница.
Автоматско праќање
Фактурите се креираат и праќаат сами, од вашите податоци.
Решенија по мерка
За сметководствени бироа и поголеми фирми.
По договор. Пишете ни што ви треба и ќе ви пратиме понуда.
Не најдовте одговор? Пишете ни