еФакт™
Македонски

Помош Излезни документи

Сторно

Поништување на испратена фактура со нов документ со негативни износи.

Испратена фактура не се брише. Сторно е нов документ со истите ставки со негативни износи и со референца кон оригиналот. Користете го кога целата фактура не требало да биде издадена.

  1. Отворете го документот од Излезни.
  2. Кликнете на картичката Сторно.
  3. Внесете Нов број: бројот на сторно-документот. Задолжителен. По желба внесете Нов интерен ID и сменете го Датум.
  4. Изберете Причина од шифрарникот на УЈП. Задолжителна. По желба внесете Коментар.
  5. Притиснете Подготви сторно.

Се отвора уредувач во картичката JSON, со подготвениот сторно-документ. Износите се веќе пресметани и при праќањето нема повторна пресметка.

  1. Прегледајте го документот.
  2. Притиснете Прати во УЈП и потврдете.

Ако недостасува бројот или причината, пишува „Внеси нов број и причина.“

Ако само дел од фактурата е погрешен, на пример количина или цена, користете Корекција.

Не најдовте одговор? Пишете ни