Помош Излезни документи
Издавање нов документ
Заглавие, продавач, купувач, плаќање и ставки, па Пресметај за збировите и проверка.
Отворете Нов документ од менито. Екранот има две картички: Формулар и JSON. Овде е опишан формуларот; за JSON види Работа со JSON.
Со Зачувај нацрт документот останува во Нацрти во делот „Во изработка“. Кликнете на нацртот кога сакате да продолжите со уредување. Нацртите се чуваат само на овој компјутер и не се потпишани.
Заглавие
- Тип документ: од шифрарникот на УЈП. За обична фактура остава се „Фактура“.
- Број (docNumber): вашиот број на фактурата. Задолжителен.
- Интерен ID (docId): ваша ознака, на пример бројот од сметководствениот софтвер. Не е задолжителен.
- Датум и Датум на промет: по стандард денешниот.
- Напомена: слободен текст на документот.
Продавач и купувач
- Под Продавач притиснете Пополни од мојот ЕДБ. Податоците се земаат од регистарот на УЈП, според ЕДБ-то од Поставки.
- Под Купувач внесете го ЕДБ-то на купувачот и притиснете Пополни од регистар.
Податоците се пополнуваат точно како во регистарот на УЈП. Не ги менувајте рачно: УЈП одбива документ чиј продавач или купувач не се совпаѓа со регистарот.
За странски купувач нема ЕДБ во регистарот. Внесете го во картичката JSON, во полињата buyerForeignTin (странски даночен број) и buyerCCode (код на државата).
Плаќање
- Начин на плаќање и Валута: од шифрарниците на УЈП.
- Рок (денови) или Достасува на: кога треба да се плати.
- Курс (ако не е MKD): курсот на денот. Можете да го најдете во Шифрарници, дел курсна листа.
Ставки
- Притиснете + Ставка за секој ред.
- Пополнете Опис, ЕМ (единица мера), Кол., Цена без ДДВ и, ако има, Попуст/ед. (попуст по единица).
- Изберете Индикатор, односно даночниот индикатор од шифрарникот. ДДВ групата се поставува сама според индикаторот. Проверете го ДДВ %.
- Ред се брише со ×. Редовите сами се пренумерираат.
Пресметај
Притиснете Пресметај. Апликацијата ги пресметува износите на секоја ставка, ДДВ-то по индикатор и збировите на документот. Збировите се прикажуваат во картичката Збирови.
Ако нешто недостасува, под формуларот се појавува список Валидација. Најчести пораки:
- задолжителен е бројот, типот или датумот на документот;
- задолжително е ЕДБ-то на продавачот, или купувачот не е пополнет;
- ставка нема опис, или нема даночен индикатор и ДДВ група;
- недостасуваат збирови: притиснете Пресметај.
Кога нема грешки, пишува „Пресметано, без грешки.“ Следниот чекор е Праќање до УЈП.
Не најдовте одговор? Пишете ни