Помош Почеток
Прво поставување
Внесете ЕДБ, еУЈП ID и сертификат, па отклучете го сертификатот за да можете да праќате.
Додека не внесете ЕДБ, апликацијата се отвора на екранот Поставки. Откако ќе го зачувате, се отвора на Излезни.
Обврзник и околина
- Во Околина изберете Тест додека ја пробувате апликацијата. Документите пратени на тест-околината немаат правно дејство. Додека е избрана тест околината, над содржината стои сина кутија што потсетува на тоа; исчезнува кога ќе се префрлите на продукција.
- Во ЕДБ внесете го ЕДБ-то на фирмата што издава фактури (13 цифри).
- Во еУЈП ID внесете го идентификаторот што го имате во системот е-Фактура на УЈП.
- Формат на сериски број и Рачен сериски број оставете ги празни или како што се. Ви требаат само ако УЈП не го препознава сертификатот (види Чести проблеми).
Продукција е предвидена за вистински фактури, но адресите на УЈП за продукција уште не се проверени. Користете ја кога ќе ви потврдиме.
Сертификат
- Во Сертификат за потпишување изберете од каде се чита сертификатот: датотека, USB токен или macOS Keychain. Деталите се во Сертификат и отклучување.
- Притиснете Зачувај поставки.
Отклучување
- Кликнете Сертификат долу лево во менито. Во прозорецот што ќе се отвори внесете PIN или лозинка и притиснете Отклучи.
- Притиснете Тест потпис. Ако пише дека потписот е валиден, сè е подготвено.
Горе, до логото, секогаш гледате во која околина работите. Долу лево, под менито, гледате кое ЕДБ е поставено, дали сертификатот е отклучен и колкава е разликата меѓу вашиот часовник и часовникот на УЈП.
Јазик
Јазикот се менува од изборникот под името на апликацијата: македонски, англиски, албански, српски или турски. Промената важи веднаш, без рестарт. Податоците што ги враќа УЈП, како имиња на статуси и ставки од шифрарниците, остануваат онакви какви што се кај УЈП.
Каде се чуваат поставките и документите
Сè е во една локална SQLite база: на Windows %APPDATA%\mk.rid.efakt\efakt.db, на macOS ~/Library/Application Support/mk.rid.efakt/efakt.db, на Linux ~/.config/mk.rid.efakt/efakt.db. Таму се компаниите и нивните поставки, и секој документ што апликацијата го прочитала од УЈП или го пратила до УЈП: статуси, содржина, PDF, историја, прифаќања и одбивања. Кога УЈП не одговара, апликацијата ги прикажува локално зачуваните документи. Ја користи и CLI-то. PIN-от и лозинката не се зачувуваат никаде.
Не најдовте одговор? Пишете ни