Помош Влезни документи
Прифаќање и одбивање
Одговор на фактура што ви ја пратила друга фирма.
Фактурите што ви ги праќаат други фирми се во Влезни. Пред да одлучите, отворете го документот и проверете го во картичката PDF.
Прифати
- Отворете го документот и кликнете на Прифати / одбиј.
- По желба внесете Коментар.
- Притиснете Прифати и потврдете.
Одбиј
- Отворете го документот и кликнете на Прифати / одбиј.
- Изберете Причина за одбивање од шифрарникот на УЈП. Без причина, документ не може да се одбие.
- Во Коментар напишете што точно не е во ред, за продавачот да знае што да поправи.
- Притиснете Одбиј и потврдете.
Вашиот одговор се гледа во картичката Статус, под Историја на статуси. Продавачот го гледа во своите промени на статус.
Не најдовте одговор? Пишете ни