Помош Влезни документи
Распределба на влезен ДДВ
Внесување на основата и ДДВ-то од влезна фактура по индикатор, за правото на одбивка.
За влезна фактура можете да пријавите колку од ДДВ-то користите како влезен ДДВ, по индикатор.
- Отворете го документот од Влезни и кликнете на Влезен ДДВ.
- Во секој ред изберете Индикатор од шифрарникот „Индикатори за влезен ДДВ“.
- Внесете ДДВ %, Основа и ДДВ.
- За уште еден индикатор притиснете + Ред. Ред се брише со ×.
- Притиснете Прати.
Износите не се пресметуваат сами. Внесете ги според документот и според вашето право на одбивка. Ако не сте сигурни кој индикатор да го изберете, прашајте го вашиот сметководител.
Не најдовте одговор? Пишете ни